Околу 1.500 луѓе учествуваа во вчерашниот протест пред парламентот, втор пат за една недела, против грчкиот план за вакцинирање против коронавирусот. Протестот минатата среда привлече над 5.000 луѓе, дел од кои мавтаа со грчки знамиња и дрвени крстови.
Протестите ги поттикна одлуката на владата, донесена претходно во јули за задолжително вакцинирање на здравствените работници и вработените на домовите за стари лица. Владата изнесе предлог и други групи, како учителите, да мора да се вакцинираат на есен.
Во изминатите недели расте бројот на заразените во Грција, додека властите забележаа речиси 3.000 нови случаи во средата, поради што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се качи на 463.473, со над 12.800 смртни случаи.






