Францускиот министер за здравје Оливие Веран изјави дека дневно има по 18.000 заразени со коронавирусот.
Владата спомнува четврт бран на коронавирусот, а носењето маска од сега е задолжително во неколку туристички зони.
Претседателот на Федерацијата на кино-сали Ришар Патри изјави дека мерката ќе биде „незгодна“ за поголемите кино-сали кои ќе примаат до 1.000 луѓе, бидејќи гледачите пристигнуваат 15 до 20 минути пред почетокот, а за секој посетител е потребно околу 25 секунди за преглед на документите.
Управата на Ајфеловата кула воведе мерка на тестови пред посетата доколку посетителите немаат санитарна пропусница. Тестовите се бесплатни за Французите, но странците мора да ги платат.
Според официјалните податоци, 56,6 отсто од населението примиле една доза од вакцината, додека 46,4 отсто ги примиле двете дози.
Од почетокот на епидемијата во Франција, во која живеат повеќе од 67 милиони луѓе, од коронавирусот починале 111.554 лица.






