На десеттиот последователен собир учествуваат натпреварувачи од Црна Гора, но и од земјите од регионот, кои ќе се борат за награда од 300 евра.
Правилата се такви што на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволени се спиење, читање книга, храна и пијалаци. Ново правило во однос на претходните години е тоа што на секои осум часа ќе биде дозволено одење во тоалет.
По овој натпревар Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересен поради прифатениот стереотип за Црногорците дека се мрзливи.






