Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата што нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза.
„Мора да се направи понуда и граѓаните да се наведат да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда ќе треба да плати казна“, изјави министерката задолжена за уставни прашања, Каролина Едштадлер.
Таа потврди дека казните се во наведениот износ.
„Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација“, рече Едштадлер на јавниот сервис ОРФ.






