среда, 15 април 2026

Во Африка најден третиот најголем дијамант во светот (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Откритието се случило на 1 јуни, а дијамантот прв го видел претседателот на Боцвана.

„Се смета дека ова е трето најголемо откритие на скапоцен камен во светот“, соопшти директорката на Дебасвана Линет Армстронг.

„Реткиот и исклучителен камен е од големо значење за Боцвана. Ѝ носи надеж на нацијата која минува низ тешки времиња“, додаде таа.

Најголемиот дијамант на светот, Кулинан од 3.106 карати, е најден во Јужна Африка во 1905 година. Вториот по големина е Леседи ла Рона од 1.109 карати, откриен на североистокот на Боцвана во 2015 година.

Боцвана е водечкиот африкански произведувач на дијаманти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ