Како што се наведува, Турција ќе испрати 50 полицајци во Унгарија со задача да им помогнат на домашните колеги во контролата на границите со Србија и Романија и спречување обиди на мигрантите да ја пробијат шенгенската граница на Европската Унија.
Договорот кој предвидува ангажирање турски полицајци во Унгарија го потпишаа министрите за внатрешни работи на двете земји, Шандор Пинтер и Сулејман Сојлу, а договорено е тоа да бидат распоредени во регионот на граничните премини Реске (Хоргош) со Србија и Наџилак со Романија.
Потпишувањето на договорот се случува во сенка на големата воено-полициска вежба Решителна акција 2021 која минатата недела ја организираше Унгарија, веднаш покрај граничниот премин Хоргош со Србија.
Идејата на вежбата е да се провери способноста на тие структури да ја обезбедат државната граница од мигранти. Размерите на вежбата укажуваат дека целта била да се заплашат бегалците кои се обидуваат од југот да се префрлат кон развиените држави од ЕУ.
„Иако основната идеја беше да се прикаже реагирањето на „типичните инциденти“ со бегалците, на фотографиите од вежбата се приметува дека Унгарија ангажирала значителни борбени средства, како да станува збор за оружен судир од Студената војна е не за сопирање нали групи мигранти. Освен жива сила, прикажано е и употреба на патролни возила, тешко вооружени возила, беспилотни летала, додека за типичната демонстрација на сила се користени и борбени хеликоптери Ми-24, Ми-17 и Х-145М кои ниско ја надлетуваа оградата на границата“, се наведува.
Порталот потсетува дека унгарската војска е ангажирана за заштита на државната граница, во поголем или помал обем, уште од 2015 година кога од средината на септември дојде до сериозни судири на границата кај Хоргош. Тогаш унгарските сили за првпат користеа солзавец, гумени куршуми па дури и истрели со боева муниција во воздух кога мигрантите се обидуваа да ја пробијат оградата.
Првиот човек на Оперативната команда на оружените сили на Унгарија Ференц Маркус укажа дека на јужните граници во моментов се ангажирани околу 500 припадници на војската и наведе дека миграцискиот притисок значително се зголемил за време на 2021 година, во која се спречени обиди на 62.000 мигранти да влезат во таа земја, што е двојно повеќе од лани.
Неговите бројки ги потврдуваат и одделни невладини организации од Србија кои регистрирале пораст на насилните враќања на мигрантите преку границата, со зголемување на степенот на физичка сила и психичко насилство кое Унгарците и останатите соседи на Србија од ЕУ ги применуваат кон бегалците.
[video:https://youtu.be/DJ8ESWEbW58 autoplay:0]





