среда, 6 мај 2026

Училиштето објави детали: Што му претходело на пукањето во Мичиген

Објавено на

часот

Сподели

Тим Трон, кој раководи со училиштето во Оксфорд, во писмо опиша што му претходело на пукањето.

Наставник за време на час во понеделникот, го видел Итан како гледа фотографии од муниција на својот мобилен телефон, поради што го испратил да разговара со психолог и друг член на персоналот. Во текот на разговорот им кажал дека неодамна отишол на стрелање со мајка му, и дека тоа било семејно хоби.

Неговите родители ја потврдиле приказната. Згора на тоа, според обвинителството, Џенифер Крамбли на својот син му испратила порака со следната содржина: „ЛОЛ не ти се лутам. Мораш да научиш да не те фатат“.

На денот на пукањето, наставникот контактирал со советникот поради „загрижувачки цртежи и тврдења“ на ученикот. Тој „веднаш бил изнесен од училницата“ и одведен на разговор со психолог, се наведува во писмото.

Ученикот рекол дека цртежот бил дел од видео игра што ја прави и го информирал дека сака да прави игри, пренесува Си-ен-ен.

Во канцеларијата на советникот бил час и половина, додека не дошле неговите родители. За тоа време побарал да му се дозволи да пишува домашна задача.

„Советниците, врз основа на неговото однесување, неговите одговори и неговата смиреност, во ниту еден момент не помислија дека може да повреди некого“, изјави Трон.

На родителите им било кажано дека ученикот мора да оди на советување во следните 48 часа, во спротивно ќе биде контактирана Службата за социјална работа.

Кога од нив било побарано да го одведат синот дома, родителите одбиле бидејќи морале да работат. Бидејќи немал претходни прекршоци, му било дозволено да се врати на час, што навидум била подобра опција отколку да се врати во празна куќа.

„Иако ни е јасно дека оваа одлука доведе до гнев и конфузија, психолозите ја донесоа врз основа на професионална обука и клиничко искуство и ги немаа информациите што сега ги знаеме“, се вели во писмото. Се додава дека и директорот не знаел за таа одлука.

Јавната обвинителка Карен Мекдоналд изјави дека Итан Крамбли наводно имал полуавтоматски пиштол во ранецот за време на состанокот со училишните службеници и родителите. Трон рече дека ги немал тие информации.

Наводно, Итан Крамбли пукал за време на мал одмор, кога стотици ученици биле во холот, менувајќи ги училниците.

„Пред да успее да влезе во главниот хол, учениците и вработените влегле во училниците и ги заклучиле вратите или побегнале. Осомничениот не успеал да влезе во ниту една од училниците“; наведе Трон.

Тој ден животот го загубија четири млади личности. Итан Крамбли и неговите родители се во затвор. 15-годишниот се соочува со обвиненија за убиство, а Џејмс и Џенифер Крамбли се соочуваат со убиство од небрежност. Тие негираат вина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ