среда, 13 мај 2026

Трамповиот „Ер форс уан“ на пат до Кина преполн со милијардери и шефови на технолошки гиганти

Илон Маск е само еден од истакнатите американски бизнис лидери што го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп на неговата државна посета на Кина оваа недела. Портпарол на Белата куќа потврди дека Маск се качил на претседателскиот авион, „Ер форс уан“, кој полета за Пекинг, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најбогатиот човек во светот, кој моментално е во правна битка со шефот на ОпенАИ во Калифорнија, е дел од групата директори поканети да му се придружат на Трамп.

На списокот на патници се и Тим Кук, кој официјално ќе се повлече од функцијата извршен директор на Епл во септември, и Јенсен Хуанг, шефот на Енвидиа, еден од најголемите добавувачи на чипови за вештачка интелигенција во светот.

Во придружбата на Трамп се и извршниот директор на Боинг, Роберт „Кели“ Ортберг, претседателот и извршен директор на Блекрок, Лари Финк, претседателот, извршен директор и коосновач на Блекстоун, Стивен Шварцман, претседателот и извршен директор на Каргил, Брајан Сајкс и претседателката и извршна директорка на Сити, Џејн Фрејзер.

Во делегацијата се и извршниот директор на Кохерент, Џим Андерсон, претседателот и извршен директор на ЏЕ Ероспејс, Х. Лоренс Калп, претседателот и извршен директор на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, извршниот директор на Илумина, Џејкоб Тејсен, извршниот директор на Мастеркард, Мајкл Мибах, претседателката и потпретседателка на Мета, Дина Пауел Мекормик, претседателот и извршен директор на Мајкрон, Санџај Мехротра, претседателот и извршен директор на Квалком, Кристијано Амон и извршниот директор на Виза, Рајан Мекинерни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ