Трамп вели дека лансирањето на платформата има цел да создаде ривалство со големите технолошки компании, кои го замолкнаа на своите мрежи и му ја ускратија можноста за подем, објави АП.
„Живееме во свет во кој талибанците имаат големо присуство на Твитер, но американскиот претседател е замолкнат. Тоа е неприфатливо“, рече Трамп во изјавата.
Во немирите во Капитол во Вашингтон во јануари поддржувачите на Доналд Трамп, протестирајќи против изборните резултати, упаднаа во Конгресот. Тогаш беа убиени пет лица.






