среда, 6 мај 2026

Трамп: Ако Иран не се согласи, ќе започне многу посилно бомбардирање

„Под претпоставка дека Иран ќе се согласи да го исполни договореното, што можеби е доста оптимистичка претпоставка, веќе легендарната операција „Епски бес“ ќе биде завршена, а исклучително ефикасната блокада ќе овозможи Ормускиот теснец да биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ, вклучително и за Иран. Ако не го сторат тоа, бомбардирањето ќе започне и за жал ќе биде на многу повисоко ниво и интензитет од претходно“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аксиос денес објави дека Белата куќа верува дека е блиску до постигнување договор со Иран за меморандум за разбирање од една страница, што би ја завршил војната и би поставил рамка за подетални преговори за нуклеарната програма на Иран.

Американската страна очекува Иран да одговори на неколку клучни точки во следните 48 часа. Сè уште ништо не е договорено, но извори тврдат дека преговорите сега се најблиску до договор од почетокот на војната.

Според нацрт-договорот, Иран би се согласил на мораториум за збогатување на ураниум, САД би ги укинале санкциите и би ослободиле милијарди долари замрзнати ирански средства, а двете страни би ги укинале ограничувањата за премин низ Ормускиот теснец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ