недела, 3 мај 2026

Талибанците со Лавров разговараа за иднината на Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

„Денес делегацијата на Исламскиот емират Авганистан, предводена од вицепремиерот на привремената влада, Мула Абдул Салам Ханафи, се состана со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и со неговата делегација. Страните водеа значајни разговори за конструктивните односи меѓу Кабул и Москва, регионалната стабилност и за подобра иднина за Авганистан“, напиша портпаролот на Твитер.

Претходно ТАСС објави дека Лавров се среќава со делегација на талибанците во пресрет на преговорите за Авганистан во рамките на „Московски формат“.

Министерот за надворешни работи на Русија вчера апелираше за меѓународна помош за Кабул, по отворањето на меѓународната конференција за Авганистан во „Московски формат“, на која талибанците се појавија за прв пат откако во август ја презедоа власта.

Пакистан, Кина, Иран, Индија и поранешните советски држави од Централна Азија им се придружија на талибанските претставници на состанокот во Москва, но претставниците на САД не се појавија, поради, како што наведоа, технички причини, пренесува Ројтерс.

Во Москва вчера се одржа третата сесија консултации во „Московски формат“ за ситуацијата во Авганистан, на која учествуваат претставници на Авганистан и 10 соседни земји.

„Московски формат“ беше воспоставен во 2017 година врз основа на шестстран консултативен механизам меѓу претставниците на Русија, Авганистан, Индија, Иран, Кина и Пакистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ