петок, 24 април 2026

Талибанците одржаа нова прес-конференција, им забрануваат на Авганистанците да одат на аеродром (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека луѓето на аеродромот треба да се вратат дома и дека нивната безбедност ќе биде гарантирана. Но, тој вели дека САД постојано ги повикуваат луѓето на аеродром, да се качат на авиони.

„Бараме Американците да не ги поттикнуваат Авганистанците да заминат. Ни треба нивниот талент“, рече портпаролот.

Тој додаде дека авганистанските медиуми сега повторно работат, како и болниците, училиштата, универзитетите и локалната управа. Муџахид тврди дека милитантите немаат список на луѓе за кои планираат одмазда.

„Заборавивме сè во минатото. Сакаме мир и стабилност во Авганистан и нашата земја да напредува“, рече тој, додавајќи дека на жените нема да им биде трајно забрането да одат на работа.

„Не им е дозволено да одат на работа во моментов за сопствена безбедност, за да не бидат злоставувани. Засега нека останат во своите домови“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ