петок, 24 април 2026

Талибанците на црната листа на Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да им биде дозволен пристап до мрежата сѐ додека тоа го пропишуваат американските закони, но дури и кога тоа законски ќе биде овозможено. Ќе треба да направиме анализа за да утврдиме дали талибанците ја прекршуваат или не нашата деловна политика против опасни организации“, изјави за новинарите потпретседателката на Фејсбук задолжена за содржините.

Стејт департментот не ги вклучи авганистанските талибанци во групата странски терористички организации, како што е случајот со пакистанските талибанци.

Сепак, Вашингтон официјално ги окарактеризира авганистанските талибанци како „специјално категоризирана глобална група терористи“, што значи дека нивните средства се замрзнати во Соединетите Држави, а на американските граѓани им е забрането да работат со нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ