Новинарката на Си-ен-ен Клариса Ворд известува од бази во провинцијата Андар во Авганистан. Наведува дека во нив се гледаат остатоци од возила и воена опрема.
Талибанците тврдат дека локалните авганистански сили се предале пред три недели кога им снемало храна и дека зад себе ги оставиле оружјето и муницијата.
Талибанците кажале дека повеќе пати се обиделе да нападнат една од базите додека во неа била американската војска. Кажале дека изведувале разни операции, но дека Американците имале хеликоптери и тенкови.
Милитантите сега ги користат работите кои западните трупи ги оставиле зад себе. Ако има нешто со некаква вредност во базата, тие ќе го најдат и ќе го продадат.
[video:https://youtu.be/lJn7KifjqQI autoplay:0]„Веруваме дека еден ден ќе победиме. Исламскиот закон нема да дојде само во Авганистан туку во целиот свет. Не ни се брза. Џихадот нема да сопре“, кажал за Си-ен-ен еден од талибанските команданти.
Талибанскиот гувернер Мавлави Камил кажал дека денешните талибанци се разликуваат од поранешните.
„Разликата меѓу тие и овие талибанци е што талибанците од 2001 беа нови во сето ова. Денешните талибанци се искусни и дисциплинирани. Ги слушаме лидерите, нештата се одвиваат по планот“, објаснил тој.
Кога репортерката на Си-ен-ен го прашала гувернерот за стравот дека сега ќе дојде до деградација на правата на жените во Авганистан, тој одговори дека исламот на сите им дава еднакви права.
„Сакаме да ги увериме сите луѓе во светот, особено граѓаните на Авганистан, дека исламот на сите им дава еднакви права. Жените имаат свои права. Толку колку што исламот им дава права, толку ќе им дадеме и ние“, кажал Камил.






