недела, 3 мај 2026

Талибанците формираат сопствено воено воздухопловство (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

За да формираат сопствено воено воздухопловство, односно да ја обноват опремата која зад себе ја остави војската на Соединетите Американски Држави, талибанците вработиле група инженери, техничари и воздухопловни експерти.

На аеродромот можат да се видат редици напуштени и оштетени хеликоптери.

„Ако влезете во хеликоптерите кои се однадвор неоштетени, во пилотската кабина нема да најдете ништо освен скршено стакло и уништена опрема“, вели Осама бин Џаваид од Ал џезира.

Инженерите наведуваат дека веќе оспособиле неколку десетици хеликоптери. Талибанците под своја контрола имаат повеќе десетици авиони, повеќе стотици оклопни возила и десетици илјади пушки.

Аналитичарите наведуваат дека талибанците имаат воен арсенал сличен на некои држави од централна Азија, но спорно е дали ќе можат да го одржуваат.

„Колку се покомплицирани нештата, толку се потешки за одржување, затоа вистинското прашање не е дали талибанците ќе можат еднаш или повеќе пати да полетаат со своите авиони, туку колку долго ќе можат да го одржуваат тој систем без потребното знаење и искуство“, вели Џонатан Шроден од Си-ен-еј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ