среда, 6 мај 2026

Светските лидери загрижени поради наводите за ликвидации во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението доаѓа по извештајот на организацијата за заштита и промоција на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) во вторникот, во кој се наведува дека повеќе од стотина поранешни припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени или исчезнале откако талибанците ја преземаа контролата над земјата пред речиси четири месеци.

„Истакнуваме дека наводните дејства претставуваат сериозна злоупотреба на човековите права и се во спротивност со помилувањето кое го најавија талибанците“, се наведува во заедничкото соопштение кое го објави Стејт департментот.

Земјите, меѓу кои Канада, Јапонија и Шведска, повикаа на целосна и транспарентна истрага по тврдењата на ХРВ.

„Оние кои се одговорни мора да одговараат, а тие чекори мора јасно да се објават како моментално одвраќање од понатамошни убиства и исчезнувања“.

„Ќе продолжиме да ги проценуваме талибанците според нивните дела“, се заклучува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ