среда, 6 мај 2026

Спречен обид за напад врз Ердоган

Објавено на

часот

Сподели

Турските разузнавачки служби синоќа спречиле напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми.

Експлозивната направа е пронајдена под полициско возило што обезбедувало митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт.

Полицаецот излегол од дома за да оди на споменатиот настан со своето лично возило и попат зел пријател, кој исто така одел на работа, кога неговиот пријател забележал предмет под возилото.

Бомбата, која била пронајдена само неколку моменти пред почетокот на митингот, набргу била деактивирана и во тек е истрага. Бомбата и возилото биле скенирани во потрага по отпечатоци од прсти од извршителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ