вторник, 5 мај 2026

Со дрон нападната резиденцијата на ирачкиот премиер, бил полн со експлозив

Објавено на

часот

Сподели

Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими „не е повреден“ во „обидот за убиство со беспилотно летало наполнето со експлозив“ синоќа, објави кабинетот.

Мета на нападот била премиерската резиденција во Зелената зона во Багдад каде што се наоѓаат владините згради и странските амбасади.

Два безбедносни извори претходно за Франс прес изјавиле дека премиерската резиденција е погодена со „проектил“, додека поддржувачите на проиранските групи мирно протестирале на влезот во Зелената зона против резултатите на вонредните парламентарни избори одржани на 10 октомври.

Засега никој не презема одговорност за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ