петок, 1 мај 2026

Словенечкиот уставен суд привремено ја суспендираше задолжителната вакцинација на државните службеници

Објавено на

часот

Сподели

Неколку синдикати побараа оценка на уставноста на одлуката според која работниците во државната управа од петок 1 октомври за доаѓање на работа треба да имаат потврда дека примиле најмалку една доза од вакцина против ковид-19 или дека ја преболеле заразата.

Синдикалците тврдат дека на оние кои ќе одбијат им се заканува отказ, а владата дека станува збор за привремена мерка за заштита на здравјето и нормалното функционирање на државата.

Уставниот суд оцени дека одлуката може да доведе до прекинување на договорот за работа.

„Тоа би значело не само влошување на позицијата на вработените туку би ги загрозило нивните права од работниот однос“, наведе судот во објаснувањето.

Со суспендираната одлука, која наиде на негативни критики во јавноста, би биле опфатени околу 130.000 луѓе кои до 1 октомври мораа да примат барем една доза вакцина, а до 1 ноември и втора за да можат да работат.

Владата одлуката за задолжителна вакцинација на државните службеници планираше подоцна да ја прошири на други категории од населението за да се вакцинираат 70 отсто од граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ