Синдикатот на малтешката полиција се пожали во септември на директивата дека сите машки полицајци мора да се бричат или ќе бидат соочени со дисциплински мерки.
Тој синдикат наведе дека наредбата за бричење не е во согласност со законот во кој не се придава важност на тоа полицајците да имаат избричено лице.
Бидејќи синдикатот не добил одговор од шефовите на полицијата, почна протестна иницијатива и ги повика службениците од понеделник да пуштат брада но таа да биде уредна.
Синдикатот предложи лакирање на ноктите во сите бои, како и боење на косата, но бојата да не биде многу светла, и уште наведе дека не мора да ги носат полициските капи.






