Според него, американски приватни воени компании подготвуваат провокации со „хемиски компоненти“, пренесуваат руските агенции.
Тој истакна дека Соединетите Американски Држави го јакнат своето воено присуство на руските граници и дека околу 8.000 американски војници се распоредени во Источна Европа.
Шојгу на состанокот на Колегиумот на министерството за одбрана, на кој присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин, кажал дека заострувањето на воено-политичката ситуација во светот продолжува у дека тензиите растат на западните и источните граници на Русија, пренесува РИА Новости.
Додаде дека НАТО на вежбите разработува опции за примена на коалициските сили против Русија, со учество на Грузија, Молдавија и Украина. Рускиот министер наведе дека американски приватни воени компании кои се наоѓаат во регионот на Доњецк на истокот на Украина подготвуваат провокации со хемиски средства.
„Резервоари со неидентификувани хемиски компоненти се доставени во градовите Авдеевка и Красни Лиман“, кажа Шојгу.






