петок, 22 мај 2026

Шест жртви во пад на хеликоптер „блекхок“ на Филипините

Објавено на

часот

Сподели

Потрагата по хеликоптерот С70и започнала откако тој не се пријавил во воздухопловната база во градот Капас во провинцијата Тарлак, 92 километри северно од Манила, соопштија воздухопловните сили.

Тројца пилоти и тројца припадници на на воздухопловните сили загинаа во несреќата во четвртокот вечер, рече министерот за одбрана Делфи Лоренцана.

„Целата флота ‘блекхок’ е приземјена додека се спроведува истрага за инцидентот“, додаде тој во изјавата.

Мејнард Маријано, портпарол на воздухопловните сили, рече дека ноќната обука се спроведувала пред целосно распоредување на „блекхок“ во нивната мисија.

Хеликоптерот бил дел од 16 такви хеликоптери купени од полскиот производител Полски Заклади Лотниче, според договорот од 2019 година вреден 241,46 милиони долари.

Тој бил меѓу шесте единици испорачани во ноември минатата година. Уште пет биле доставени во јуни, а останатите треба да бидат доставени пред крајот на годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ