недела, 3 мај 2026

Северна Кореја потврди дека истрелала балистички проектил од подморница

Објавено на

часот

Сподели

Уште вчера, јужнокорејската војска објави дека на својот источен брег забележала дека од севернокорејска подморница е истрелан пробен проектил.

Како што објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, станува збор за „нов тип“ на балистички проектил што може да се истрела од подморница.

„Новиот тип на проектил има напредна контрола на водење што вклучува и странична мобилност, како и способност да се заобиколат пречки, а ова во голема мера ќе помогне да се подигне одбранбената технологија на нашата земја на повисоко ниво, како и да се зајакне подводната оперативна способност на нашата морнарица“, соопшти КЦНА.

Овие проектили имаат пократок дострел од претходната верзија, но се потенки што значи дека повеќе од нив може да бидат складирани на подморница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ