вторник, 5 мај 2026

Само неколку земји најавија дека ќе ја прекинат употребата на јаглен

Објавено на

часот

Сподели

Британската влада соопшти дека „на повидок е крајот на употребата на јаглен“ бидејќи 18 земји за прв пат се обврзаа постепено да го укинуваат тој облик на фосилно гориво и да не градат или финансираат изградба на нови електрани на јаглен.

Меѓу тие 18 земји се и Полска, Украина, Виетнам и Чиле.

Јагленот има највалкан јаглероден отпечаток од водечките горива и е значаен извор на гасови што придонесуваат за глобалното затоплување.

Критичарите, сепак, предупредуваат дека нема причина за голем оптимизам, бидејќи неколку големи светски економии сè уште не одредиле датум за крај на употребата на јагленот, вклучувајќи ги САД, Кина, Индија и Јапонија.

Ветувањата од другите земји се разновидни. Некои ветија дека во одреден момент целосно ќе престанат да користат јаглен, други велат дека ќе престанат да градат нови електрани на јаглен, а трети зборуваат за стопирање на финансирањето на нови електрани на јаглен во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ