сабота, 2 мај 2026

САД се враќаат во Советот на ОН за човекови права

Објавено на

часот

Сподели

Генералното собрание на ОН денес бира нови членови на највисокото тело на ОН за човекови права, а на избраните земји тригодишниот мандат ќе им почне на 1 јануари.

Иако членките се бираат со тајно гласање, изборите не се натпреварувачки, 18 земји пополнуваат 18 места.

Задачата на Советот е да ги зајакне промоцијата и заштитата на човековите права во светот, да одговори на нивното кршење и да изнесе препораки.

САД се повлекоа од Советот во 2018 година во претседателскиот мандат на Доналд Трамп кој тоа тело на ОН го обвини за лицемерие и опседнатост со Израел.

Но, Вашингтон по претседателот Џо Бајден се соочува со охрабрена Кина која го искористи отсуството на САД за да покаже мускули.

„Кинезите и сите оние кои во основа се против човековите права како што ги сфаќаат Европејците, се противат на економските, социјалните и културните права. Тоа не е нов тренд, но е несомнено сè посилен“, кажа европски дипломат за Франс прес.

„Целта на Кина е едноставна: да се уништи концептот на универзалноста на човековите права и да се воспостави визија која е во согласност со нејзиниот политички систем“, кажа друг дипломат.

Советот за човекови права кој заседава во Женева е составен од 47 земји кои ги бира Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Третина од Советот се бира секоја година, а земјите можат да служат само два последователни тригодишни мандати.

Членството е пропорционално распоредено по географските региони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ