среда, 22 април 2026

САД го отфрлија турското барање на Кипар да има две држави

Објавено на

часот

Сподели

Таа во Конгресот на прашањето дали американската влада недвосмислено ја отфрла таквата опција одговори: „Да, апсолутно!“.

„Веруваме дека процесот кој го водат Кипарците може на Кипар да му донесе мир и стабилност“, додаде таа.

Ердоган за време на дводневната посета на северниот дел на Кипар кој речиси половина век е под окупација на Турција, кажа дека „трајно и одржливо решение може да биде единственото можно“ имајќи предвид дека на островот има „две одделни држави и два одделни народи“.

„Меѓународната заедница порано или подоцна ќе ја прифати оваа реалност“, кажа Ердоган пред прославата на 47-годишнината од инвазијата на Турција со која беше поделена островската држава.

Обединетите нации во 1964 испратија мировни трупи на Кипар, кои се сè уште таму, за да го прекинат конфликтот меѓу двете тамошни национални заедници. По пучот на поддржувачите на обединувањето на Кипар со Грција, Турција во 1974 година го окупираше северот на островот населен со турско малцинство и ја прогласи до ден денес меѓународно непризнатата „Турска Република Северен Кипар“.

Советот за безбедност на ОН во 1983 година усвои резолуција со која сецесијата на кипарските Турци беше оценета како нелегална.

Европската Унија, чија членка е Кипар, исто така ја исклучува можноста за создавање втора, турска држава на островот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ