петок, 24 април 2026

САД донираа 500.000 дози вакцина на Косово

Објавено на

часот

Сподели

САД донираа вакцини на десетици земји, а пратката во Косово пристигна неколку дена откако тие понудија да примат Авганистанци, поврзани со американската мисија откако Кабул го освоија талибанците.

Блинкен на Твитер напиша дека донацијата „ги претставува заедничките вредности и непоколебливата врска меѓу двата народа“.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден преговара со голем број држави, вклучувајќи го и Косово, за заштита на Авганистанците, во време кога илјадници странски дипломати и авганистански жители се евакуираат од Авганистан преку аеродромот во Кабул.

Блинкен претходно вети дека Вашингтон нема да тргува со дози вакцини за политички услуги, пишува Ројтерс.

Дозите во Косово дојдоа преку иницијативата Ковакс, поддржана од Светската здравствена организација (СЗО), чија цел е правилна распределба на вакцините во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ