вторник, 21 април 2026

Рускиот авион удрил во карпа, па паднал во море (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Патничкиот авион „Антонов Ан-26“, кој во понеделникот се урна на Камчатка, удрил во карпа и повеќето делови од леталото паднале во Охотско Море, пренесуваат медиумите. Во оваа несреќа загинаа 28 лица, а спасувачите вчера ги пронајдоа телата на девет жртви.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=EKbb8Yc9kpA autoplay:0]

Беше објавено видео направено од спасувачки хеликоптер, на кое се гледаат изгорената површина и дрвјата на самиот врв, на работ на стрмната карпа што вертикално се спушта кон морето. Гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, објави дека делови од трупот биле пронајдени и на копно и на море, пренесува Би-би-си.

Авионот полетал од Петропавловск-Камчатски, административен центар на полуостровот на рускиот Далечен Исток, и се упатил кон Палана, на другиот крај на Камчатка. Несреќата се случила при обид да слета во тешки временски услови, односно при намалена видливост.

Загинаа 22 патници и шест члена на екипажот. Меѓу загинатите се едно дете и Олга Мохирева, началничка на локалната самоуправа во Палана. Повеќето жртви се од ова место, кое има само околу 2.900 жители.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=PwqsxXvs3T4 autoplay:0]

Алексеј Храбров, претставник на авиокомпанијата на чиј лет се случи трагедијата, за Тасс изјави дека со авионот управувал „добар млад екипаж со искуство“ предводен од триесет и петгодишен капетан. Авионот е произведен во 1982 година, но, според документацијата, бил технички исправен и имал дозвола за употреба во сообраќајот.

Авионските несреќи во Русија – падови на авиони произведени уште за време на советската ера – не се реткост, но дека безбедноста на летовите значително се подобрила во последните неколку години.

Токму на Камчатка пред неколку години се случи несреќа, исто така на линијата Петропавловск Камчатски – Палана, кога падна „Ан-28“, сличен на споменатиот „Ан-26“. Авионот падна во шума, а истрагата во тој случај утврди дека пилотите биле под дејство на алкохол, потсетува РТ.

Полуостровот Камчатка, на кој се наоѓаат најмалку 16 активни вулкани, е дивина што ги дели Тихи океан и Охотско Море. По површина е споредлив со Франција или Украина, но Камчатка има само 300.000 жители, а авиокомпаниите се столбот на сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ