среда, 6 мај 2026

Руски разузнавачи ја споредуваат ситуацијата околу Украина со воведот во војната во Грузија

Објавено на

часот

Сподели

Руската рубља падна како последица на тој извештај, кој доаѓа во контекст на загриженост на Украина, САД и НАТО за преместувањето на руските воени сили во близина на Украина.

Москва ги отфрла тврдењата дека можеби подготвува напад врз Украина.

Русија ја порази Грузија во кратката војна во 2008 и околу петина од грузиската територија и понатаму држат руските сили.

Околу сегашните тензии во Украина, СВР наведе: „Видовме слична ситуација во Грузија пред настаните во 2008 година“.

Се додава дека тогашниот грузиски претседател Михаил Сакашвили „платил висока цена“ во таа војна.

СВР, меѓутоа, ги оценува како „апсолутно погрешни“ тврдењата дека Москва можеби подготвува инвазија на Украина.

„Американците изнесуваат страшна слика на орди руски тенкови кои се подготвуваат да ги прегазат украинските градови, уверувајќи дека имаат „сигурни информации“ за такви намери на Русија“, соопшти СВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ