недела, 3 мај 2026

Руската влада би можела да воведе неработни денови за да се успори ширењето на коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

Русија вчера имаше 1.015 смртни случаи поврзани со ковид-19, што е највисокиот дневен број од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа имала 33.740 нови случаи на зараза.

Регионот на Москва останал без болнички кревети за пациентите со ковид-19, кажа неговиот гувернер. Кремљ им порачува на жителите да се вакцинираат.

Вакцинирани се само 32 отсто од жителите на Русија, а руските власти неодамна порачаа дека тоа е „неприфатливо“.

„Постои традиција на обвинување на државата за сè. Нормално, државата го чувствува и препознава својот дел од одговорноста“, кажа вчера портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, признавајќи дека можело да се направи повеќе за на јавноста да ѝ се објасни важноста на вакцинирањето.

„Но, сега е потребен одговорен став на сите наши државјани“, истакна Песков. „Сите мораме да покажеме одговорност и да се вакцинираме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ