„Од почетокот на годината за Гугл се подготвени 16 протоколи за административни прекршоци. Ова е голема цифра. Планираме оваа недела да подготвиме протокол за казни врз основа на прометот. Тоа е последица на овие 16 протоколи. Станува збор за систематско кршење на руските закони“, изјави Суботин за ТАСС.
Казната може да биде од една дваесеттина до една десеттина од годишниот приход на Гугл, наведува руската агенција.
Регулаторот е подготвен да ги казни и Фејсбук и Твитер бидејќи не ја отстраниле забранетата содржина, објави функционерот во средината на септември.
Компанијата Гугл ѝ плати на Русија повеќе од 455.000 долари казни за небришење содржини што Москва ги смета за незаконски, објавија американскиот технолошки гигант и рускиот регулатор по денешните разговори.






