Русија тврди дека патролен брод на руската морнарица испукал предупредувачки истрели кон британскиот разурнувач, но Британците негираа.
Информацијата за инцидентот први ја објавија Русите. Според руското министерство за одбрана, рускиот воен брод ги испукал предупредувачките плотуни кон британскиот разурнувач откако тој влегол во руските територијални води во Црното Море.
[video:https://youtu.be/lwbpt43GV7g autoplay:0]Инцидентот се случил во близина на ртот Фиолент, на југот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, што западните земји го осудија и сè уште го сметаат полуостровот за украинска територија.






