четврток, 7 мај 2026

Русија ја предупреди Америка: Може да очекувате заемна посета

Објавено на

часот

Сподели

Шеремет порача дека во спротивно може да очекуваат „заемна посета“.

„Ја повикуваме Америка да не носи избрзани одлуки со создавање тензии и мешање во суверените прашања на други држави. Тоа само ќе донесе хаос во Украина. За жал морам да констатирам дека САД продолжуваат да се однесуваат како агресор. Со Русија тоа нема да им помине. Нема бидат спремни на сеопфатен одговор“, кажа тој. Шеремет потсети дека руската војска и морнарица се опремени со најсовремено оружје и техника која нема пандан во светот.

„Никому не му советуваме да тропа со оружје во близина на нашите граници. Русија ќе направи сè што е неопходно таквите намери да ги сосече во корен. Не треба да се гаат илузии, провокациите нема да останат неказнети. Ако изберат да го засилат своето присуство во Црното Море, ќе добијат соодветен одговор“, истакна тој.

Претходно два американски конгресмени, републиканците Мајк Роџерс и Мајк Тарнер, го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да го засили присуството на американската морнарица во Црното Море „за да ѝ се пружи заштита на Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ