Стратегиските бомбардери беа придружени со два авиони КЦ-135 за полнење гориво во воздух, пренесува Ројтерс.
Откако странските борбени авиони се оддалечија од државната граница на Русија, ловците се вратија во базата, се вели во соопштението.
Беше наведено дека руските авиони дејствувале во согласност со меѓународните правила и дека државната граница на Русија не била нарушена.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во вторникот во Киев рече дека Русија е пречка за воспоставувањето мир во источна Украина и побара од Москва да престане со дестабилизирачките активности во Црно Море и долж границата со Украина.






