четврток, 7 мај 2026

Романија: Протест во Букурешт против ковид-потврдите, демонстрантите влегоа во парламентот (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поддржувачите на партијата Алијанса за единство на Романците (АУР) протестираа против зелениот сертификат и воведените епидемиолошки мерки.

Според претседателот на АУР Џорџ Симион, ковид-потврдата е „неефикасна и неуставна“, а протестот е организиран за да им се каже „не“ на мерките, кои тие сметаат дека не ги решаваат постоечките проблеми. Романските медиуми пренесуваат дека околу 1.500 луѓе протестираа кај парламентот поради воведувањето на потврдите.

„Во овој момент, преку нашите тимови за дијалог, ги повикуваме луѓето да го напуштат надворешниот простор кој им припаѓа на институциите. Досега не е применета сила“, соопшти жандармеријата на Будимпешта.

Тие ги повикале учесниците на протестот на соработка и да тргнат кон излезот на дворот на собранието и да се повлечат кон просторот кој го одредиле органите на редот.

Луѓето кои влегле во дворот на парламентот биле сопрени на скалите и влезните врати во зградата. Потоа биле изнесени надвор од дворот на зградата, соопшти министерството за внатрешни работи на Романија.

„Напоменуваме дека за време на целиот период органите на редот апелираа на смиреност и почитување на законските одредби. Не е применета сила ниту е пријавено насилство“, наведе романската полиција.

Според информациите на романските власти, на протестот биле присутни околу 2.000 луѓе, а јавниот собир не бил пријавен.

„Според јавните информации, овој настан го организираа одредена пратеничка група и неколку организации на граѓани“, се наведува.

Полицијата соопшти и дека работи на идентификација на лицата одговорни за кршење на законските одредби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ