среда, 22 април 2026

Ројтерс: Белата куќа размислува за воведување задолжително вакцинирање против короната

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за едномесечно продолжување доаѓа откако Канада во понеделникот објави дека од 9 август ќе им дозволи влез во земјата на Американците кои се целосно вакцинирани против ковид-19.

Во претходните 16 месеци беше забранет влез по копнен пат во САД од Канада ако патувањето не е нужно, што го критикуваа претприемачите поради штетата која таа одлука им ја нанесува. САД сепак им дозволуваше на Канаѓаните да долетаат, но Канада не им го дозволуваше истото на Американците.

Белата куќа планира нова рунда состаноци на високо ниво на кои ќе се расправа за ограничувањата на патувањата и потенцијално воведување обврска за вакцинирање против ковид 19, но сè уште ништо не е одлучено, кажале извори за Ројтерс.

Белата куќа на почетокот на јуни формираше работни групи со Европската Унија, Британија, Канада и Мексико за да се најдат модели за укинување на рестрикциите.

САД ги обновуваат ограничувањата за Канаѓаните и Мексиканците секои месец дена од март 2020.

Воздухопловните компании и други фирми бараат од американската влада да ги укине рестрикциите со кои се соочуваат неамериканските патници од Британија, Шенген зоната во Европа, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ