среда, 6 мај 2026

Рохинџите го тужат Фејсбук, бараат 150 милијарди долари отштета

Објавено на

часот

Сподели

Тужбите се поднесени во САД и Британија.

Во САД адвокатската компанија Еделсон ПЦ и Филдс ПЛЛС поднела тужба против Фејсбук во Сан Франциско, обвинувајќи ја социјалната мрежа дека е „спремна да ги занемари животите на Рохинџите за подобар пробив на пазарите во земјите на југоисточна Азија“.

Британската адвокатска компанија која застапува некои од бегалците напишала писмо до Фејсбук, а во него наведува дека алгоритмите на Фејсбук „го засилиле говорот на омраза против Рохинџите“, дека Фејсбук „не вложувал“ во модератори и проверување на фактите околу политичката ситуација во Мјанмар.

Фејсбук не одговорил на барањето на Ројтерс да ги коментира тужбите.

Фејсбук во 2018 призна дека не направиле доволно за да ги спречат поттикнувањето на насилство и говорот на омраза против Рохинџите. Тоа следеше по независниот извештај кој го нарача Фејсбук, во кој се наведува дека платформата овозможила услови за ширење на кршењето на човековите права.

Од тогаш компанијата презема мерки против злоупотребата на платформата за поттикнување на насилство, вклучувајќи забрана за пристап до Фејсбук и Инстаграм за воената хунта по државниот удар на 1 февруари.

Рохинџите се сметаат за нелегални емигранти во Мјанмар и со децении ги дискриминираат владата и јавноста. Мјанмарската војска во 2017 година почна насилна акција во државата Ракине откако Рохинџите извршија смртоносни напади на полициските позиции.

Илјадници луѓе ги загубија животите, а над 700.000 Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ