Во петокот бројот на починатите беше 679.
Руското државно тело за борба против коронавирусот објави дека се регистрирани 24.439 нови случаи на зараза, најмногу за еден ден од јануари, и за 1.200 повеќе отколку во петокот. Скоро половина од новозаразените се од московскиот регион и Санкт Петербург.
Кремљ соопшти дека не размислува за нов карантин.
Русија само еднаш воведе карантин на целата територија, во текот на шест недели минатата пролет, а оттогаш владата одбива да нареди повторно затворање на компаниите.
Од почетокот на пандемијата, Русија има 5,6 милиони случаи на зараза и над 137.000 мртви.






