среда, 15 април 2026

Путин за Навални: Сакаше да биде уапсен (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Путин побара непристрасно известување за случајот Навални и повтори дека опозиционерот свесно го кршел законот.

Рускиот претседател истакна дека Навални бил запознаен со потерницата која беше распишана по него, но решил да се врати во Русија.

[video:https://youtu.be/PgvTOS7vPN0 autoplay:0]

„Добро знаеше дека по него се трага, но сепак се врати во Русија – намерно. Сакаше да биде уапсен“, кажа рускиот лидер, избегнувајќи да го изговори името на Навални.

Навални беше уапсен на 17 јануари на аеродромот Шереметјево, при враќањето од лекување во Германија, и набрзо беше осуден на две години и осум месеци затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ