Путин побара непристрасно известување за случајот Навални и повтори дека опозиционерот свесно го кршел законот.
Рускиот претседател истакна дека Навални бил запознаен со потерницата која беше распишана по него, но решил да се врати во Русија.
[video:https://youtu.be/PgvTOS7vPN0 autoplay:0]„Добро знаеше дека по него се трага, но сепак се врати во Русија – намерно. Сакаше да биде уапсен“, кажа рускиот лидер, избегнувајќи да го изговори името на Навални.
Навални беше уапсен на 17 јануари на аеродромот Шереметјево, при враќањето од лекување во Германија, и набрзо беше осуден на две години и осум месеци затвор.






