петок, 24 април 2026

Проштална средба во Кремљ: Путин ја дочека Меркел со букет цвеќе (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Одржуваме постојан контакт по телефон, но има многу прашања за кои треба да се зборува очи во очи. Сигурен сум дека ова нема да биде само ваша проштална посета по која решивте да не се кандидирате за нов мандат, туку и посета исполнета со сериозна работна содржина“, ѝ кажа Путин на гостинката.

Тој истакна дека Германија останува еден од главните економски партнери на Русија во Европа и светот, пренесува ТАСС.

[video:https://youtu.be/tca33-FLPm4 autoplay:0]

Оцени дека работата на руско-германските билатерални механизми, групи и форуми, како Годината на Германија во Русија, е посветена на економскиот развој.

Како што претходно беше најавено од Кремљ, двајцата лидери ќе разговараат за состојбата и иднината на билатералната соработка во разни сфери како и за бројни актуелни меѓународни и регионални прашања.

Ова е прв средба на Путин и Меркел од почетокот на пандемијата во декември 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ