Заменик премиерот Бесник Бисљими во разговори со Борел најавил дека по локалните избори на Косово, „косовската влада ќе продолжи со акциите“ како таа на 13 октомври кога специјалната косовска полиција влезе во Северна Митровица и Звечан.
Разговорот се случил на самиот ден на инцидентот, 13 октомври, а Бисљими тогаш навел дека „косовската влада ќе продолжи со борбата против криминалот на целата територија на Косово“.
Во таа акција беше тешко ранет Среќко Софрониевиќ, а косовската полиција покрај солзавец и и шок-бомби, користеше и боева муниција, кога беше рането српско момче од Звечан кое беше префрлено во Ургентниот центар во Белград.
Поради тоа тогаш се огласи и самиот Борел и порача дека „веднаш мора да се прекинат насилните инциденти на северот на Косово ми наведе дека сите отворени прашања мора да се решаваат преку дијалог“.
„Насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да се прекинат. Едностраните и некоординирани акции кои ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи. Сите отворени прашања мора да се решаваат преку дијалогот со кој посредува ЕУ. Во контакт сме со Белград и Приштина“, напиша тогаш Борел на Твитер.
Шефот на дипломатијата на ЕУ вчера ги повика претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти по кренатите тензии „да се вратат на ситуација во која е можно продолжување на дијалогот во Брисел“.






