петок, 24 април 2026

Претседателот на Иран разговараше со Путин и Си Џинпинг за Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Иран е подготвен да соработува со Кина за воспоставување безбедност, стабилност и мир во Авганистан, како и за прашања поврзани со развојот, напредокот и просперитетот на Авганистанците, рекол Раиси во телефонски разговор со кинескиот претседател.

„Веруваме дека заминувањето на странците, како и претходните искуства во таа земја, повеќе од кога било ја нагласија потребата за поддршка и учество на сите Авганистанци во обезбедувањето на безбедноста и развојот на Авганистан“, рекол Раиси, пренесува АП.

Во телефонскиот разговор со Владимир Путин, пак, Раиси рекол дека мора да се воспостави стабилност во Авганистан што е можно поскоро.

Тој посочил дека Иран верува дека „сите авганистански групи треба да работат заедно со цел да се воспостави стабилност во земјата што е можно поскоро и американското повлекување да стане пресвртница за траен мир и стабилност во Авганистан“.

Раиси ја пофалил иранско-руската соработка во Сирија, благодарение на што „текот на војната во таа земја беше обратен во корист на сирискиот претседател Башар Асад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ