четврток, 7 мај 2026

Прекинати испораките на руски гас во Европа: цената на струјата повисока од кога било

Објавено на

часот

Сподели

Цената на гасот скокна откако операторот за транспорт на гас Гаскејд соопшти дека почнале резервните испораки на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Германија во Полска откако Газпром одбил да ги резервира за денес капацитетите за пумпање гас.

Цените на гасот значително пораснаа минатиот четврток, од минималните 1.450 долари на над 1.700 долари за илјада кубни метри. Таквиот скок би можел да биде поврзан со изјавите на шефот на германската Федерална мрежна агенција Јохен Хоман дека одлуката за сертификација на гасоводот Северен тек 2 веројатно нема да биде донесена во првата половина на следната година.

Цените на националните берзи на енергенси и на европската платформа ЕЕХ достигнаа рекордни нивоа. Трошоците за утрешната испорака надминаа 400 евра за Франција, Германија, Холандија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Италија и Словачка.

Што се однесува до Бугарија и Грција, цената е 342 евра и тоа е најниско меѓу пазарите. Цената за Србија е 396 евра, а за Романија 395 евра за мегават-час.

Примарниот фактор во скокот на цената на струјата е природниот гас. Нему му се припишуваат 80 отсто од зголемувањата, а остатокот на порастот на трошоците за испуштање јаглерод-диоксид, што укажува на важноста на количествата гас во подземните резервоари на Европа.

Тие не беа доволно исполнети за време на летната сезона и искористеноста на капацитет на 1 декември беше 67,5 отсто. Сега е веќе под 60 отсто, до колку резервите обично се празнат дури во јануари. Доколку зимата биде невообичаено студена, нивото до критични количества би можело да падне во февруари или март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ