четврток, 23 април 2026

Подетално да се испита врската помеѓу коронавирусот, вакцините и полот, бараат грчки лекари

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа се занимаваат лекарите на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Атина, Теодора Псалтопулу, Панос Маландракис, Јанис Данасис и Танос Димопулос, кој е и ректор на тој универзитет. Тие ја анализираат медицинската литература и базите на податоци на меѓународните организации, кои се систематски збогатени со податоци за коронавирусот и болеста ковид-19 што ги предизвикува.

Четворицата професори јавуваат дека веќе постои разлика во стапката на вакцинација меѓу двата пола во САД, која изнесува шест проценти. Исто така, утврдено е дека жените ќе имаат поголема веројатност да имаат несакани ефекти од вакцината на Астразенека, додека помладите мажи имаат повеќе несакани ефекти по примањето и-РНК вакцина. Грчките професори нагласуваат дека овие несакани ефекти се скоро секогаш благи и целосно се исчезнуваат.

Тие исто така велат дека природната историја на ковид-19 кај мажите и жените не е соодветно анализирана. Од 45 студии за ковид-19 засновани на случаен избор, само осум пријавиле резултати специфични на полот. А во голем број други анализи, само 14 од 121 се обиделе да ја утврдат врската помеѓу полот на заразеното лице и текот на болеста.

Така, неодамнешното истражување на лекот „тоцилизумаб“ покажа дека кај оние пациенти на кои не им треба механичка вентилација, лекот го намалува ризикот од интубација или смрт, но само кај мажите, додека на жените не им користел. Сепак, податоците не се доволни за да ја потврдат разликата помеѓу двата пола.

Грчките професори навеле дека во базите на податоци од 198 земји во светот, само 37 проценти содржат податоци за полот на починатите, а само 18 проценти содржат податоци за вакцинираноста и полот.

„Врз основа на тоа, се чини дека е потребно подетално да се испита односот помеѓу коронавирусната инфекција и полот во студиите и базите на податоци“, објави РТВ СКАИ за заклучокот на професорите, кои продолжуваат да работат на тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ