сабота, 25 април 2026

По силниот земјотрес во Мексико на небото се појави сина светлина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јачината на земјотресот прво беше измерена 7,4, а УСГС објави дека се работи за многу плиток земјотрес, на 12.5 километри под површината на Земјата, што го зголеми ефектот на тресење.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа дека по земјотресот на небото над Акапулко се појавува сина светлина.

Иако се појавија информации дека станува збор за експлозии на далноводи, можно објаснување е дека ова е природен феномен што се случува со посилни земјотреси.

Имено, кога тектонските плочи се тријат една од друга, се создава електричен полнеж долж вертикалните пукнатини што може да патува до површината и во интеракција со атмосферата да создаде светлина.

Фридеман Фројнд, виш истражувач во Истражувачкиот центар Ејмс на НАСА, во интервју за Нешнал џиографик, рече дека светлата можат да имаат многу различни форми, облици и бои пред или за време на земјотресот. Според истражувањето на Фројнд, светлата се предизвикани од електрични полнежи активирани во одредени видови карпи за време на сеизмичка активност, „како да сте вклучиле батерија во Земјината кора“. Научникот вели дека некои карпи како базалт и габро имаат мали дефекти во нивните кристали што можат да ослободат електрични полнежи во воздухот. Иако шансите се ретки, понекогаш се појавува пред или за време на земјотресите, а подоцна ретко, забележа научникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ