„Ако обезбедивме доволен број дози од вакцините и економијата да ја преживее кризата, тогаш би било фер корисникот на надоместот за зачувување на работните места да го даде својот придонес кризата што побрзо да заврши, и да прими вакцина“, изјави Пленковиќ во Загреб.
Тој додаде дека ќе ги задолжи ресорните министри да ги прецизираат мерките, односно да подготват законска рамка за тоа.
Пленковиќ кажа дека досега се вакцинирани околу 44 отсто од возрасните, а владината цел била до 1 јули да се вакцинираат 55 отсто од граѓаните.
Хрватска има 1,3 милиони непотрошени вакцини и ќе ѝ даде 210.000 дози на БиХ, а по 20.000 дози на Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија и Киргистан. До крајот на оваа година се планирани и други донации.






