сабота, 18 април 2026

Пленковиќ: Хрватска изгуби 15 години развој поради војната

Објавено на

часот

Сподели

Тој оцени дека влегувањето на Хрватска во Европската Унија е историски успех, но и дека предноста на членството држава почнала посилно да ја користи дури во 2016, кога тој дојде на чело на владата.

Напоменувајќи дека оваа годишнина доаѓа во време на пандемија со коронавирусот, која ја нарече најголемиот предизвик од Татковинската војна, Пленковиќ кажа дека климатските промени во следните децении ќе предизвикаат значително поголеми општествени, политички и економски нарушувања од пандемијата.

„Хрватскиот пат кон независноста беше тежок и напорен, но годините пред нас нема да бидат ништо полесни ако не се спремаме уште од сега за светот кој доаѓа“, порача Пленковиќ.

Првата задача, истакна, е сузбивањето на пандемијата.

„Прашањето на вакцинацијата повеќе не е само здравствено прашање, тоа не е прашање на личната одговорност, тоа не е прашање на општата информираност на кој било наш сограѓанин – тоа е економско прашање, тоа е финансиско прашање. Тоа е прашање околу кое мора да се освестиме бидејќи земјите кои нема да вакцинираат доволно брзо ќе имаат потешка економска ситуација“, порача Пленковиќ.

Истакна дека нема причина граѓаните да не се вакцинираат и додаде: „Ако се случи четврти бран и нов сој, ќе се свират офсајди и без ВАР и пенали за најмала грешка во шеснаесетникот – земјите ќе им кажат на своите граѓани „не одете во Хрватска““.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ