среда, 6 мај 2026

Пекинг: САД ќе ја платат цената на бојкотот

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа вчера соопшти дека американските функционери ќе ги бојкотираат Зимските олимписки игри поради кршењето на човековите права од страна на Кина, иако американските спортисти ќе можат да патуваат во Кина за да се натпреваруваат.

Американскиот бојкот, кој со месеци го бараа одделни членови на Конгресот и групи за заштита на човековите права, следи и покрај напорите за стабилизирање на врските, чиј резултат беше и онлајн средбата на претседателот на САД Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Кина соопшти дека ќе преземе „решителни контрамерки“, а портпаролот на министерството за надворешни работи Жао Лиџијан кажа во Пекинг дека „САД ќе ја платат цената за своите грешки“. „Чекајте па ќе видите“, порача Лиџијан.

САД ќе бидат домаќин на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 и подготвуваат кандидатура за домаќин на ЗОИ во Солт Лејк Сити во 2030.

На прашањето дали Кина ќе размисли за дипломатски бојкот на Олимписките игри во САД, Жао кажа дека американскиот бојкот „им штети на суштината и атмосферата“ на спортската размена и соработката на Игрите. Тој ги повика САД да ја држат политиката подалеку од спортот, кажувајќи дека бојкотот е спротивен на олимписките принципи.

Кинеските медиуми и интелектуалци ја критикуваа одлуката на САД.

„Ова што го прават САД е глупаво“, кажа за Ројтерс Ванг Вен, професор на Ренмин универзитетот во Пекинг, додавајќи дека други големи сили би можеле да им го направат истото на САД во 2028.

Американската влада како причина за бојкотот го наведе она што Вашингтон го промовира како геноцид против малцинските муслимани во кинескиот регион Синџијанг.

Останува нејасно дали други држави ќе им се придружат на САД, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа дека биле консултирани сојузници за „заеднички пристап“.

Засега рускиот претседател Владимир Путин е единствениот лидер на голема странска земја кој ја прифати поканата да присуствува на Олимписките игри во Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ