четврток, 7 мај 2026

Папата: Семејното насилство е речиси сатански чин

Објавено на

часот

Сподели

„Толку многу жени се малтретирани и тепани во своите домови, дури и од рацете на своите сопрузи“, рече папата во специјалната емисија емитувана во неделата вечер на ТГ5, водејќи разговор со четири жртви на насилство.

„Овој проблем, во моите очи, е речиси сатански бидејќи насилниците ја искористуваат слабоста на некој што не може да се одбрани“, додаде папата во емисијата насловена како Папата Франциско и невидливите.

Злоупотреба од страна на брачен другар или родител е особено грда и понижувачка, додаде Франциско. Да се зачува нечие достоинство во таква ситуација е тешко, рече тој, посочувајќи го инспиративниот пример на мајката на Исус, Марија, која го задржала своето достоинство дури и кога нејзиниот син бил осуден како криминалец и обесен речиси гол на крст.

„Можеме само да ги блокираме ударите. Тоа е понижувачко, многу понижувачко“, додаде папата за време на разговор со мајка жртва на насилство, која морала да побегне со своите деца.

„Гледам достоинство во тебе, бидејќи ако го изгубивте своето достоинство, немаше да бидете тука“, додаде тој.

Бројот на случаи на семејно насилство е во пораст поради пандемијата и честите блокади. Од јануари досега, според министерството за внатрешни работи, во Италија се убиени 112 жени, а во повеќе од 50 отсто од случаите биле убиени од нивниот сегашен или поранешен сопруг или партнер.

Папата, кој во петокот го прослави својот 85 роденден, постојано зазема став против насилството врз жените, за кое во 2020 година рече дека е „сквернавење“.

„Секое насилство врз жените е сквернавење на Бога, роден од жена“, предупреди тогаш папата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ